Wednesday, September 18, 2013

SELENA GOMEZ

Селена Марие Гомез (22 јули 1992 година) е американска актерка, и пејачка, најдобро позната по Алекс Русо добитничката на Еми награда за учеството во телевизиската серија “Волшебници од волшебното место“. Подоцна учествувала во главните улоги во телевизиски филмови: “Уште една приказна за Пепелашка““Волшебници од волшебното место - Филмот“, и “Програма за заштита на принцезите“. Таа ја направи нејзината театарска деби улога во филмот “Рамона и Безус“.

Нејзината кариера се проширила во музичката индустрија, Селена е водечки вокал и основач на поп бендотSelena Gomez & the Scene, со која има издадено два студио албуми“Kiss & Tell“ и “A Year Without Rain“, кои имаат добиено сертифицирано злато од РИАА. До април 2011 г., бендот продал 1,354,000 албуми во Соединетите Држави. Сел истотака придонела за соундтракот во “Ѕвончица““Уште една приказна за Пепелашка“, и “Волшебници од волшебното место “ по потпишувањето договор со Холивуд Рекордс. Во 2008 г., Селена била прогласена за амбасадор на добрата волја во УНИЦЕФ.
Гомез е родена во Големата Прерија , во Тексас. Таа е ќерка на поранешна сценска актерка Манди Тифи (моминско презиме Корнет) и на Рикардо Џоел Гомез. Нејзиниот татко е Мексикански Американец а нејзината мајка е со половина италијанско потекло. Во однос на нејзиното шпанско наследство, Гомез изјавува: “Моето семејство има Quinceañeras, и ние одиме на причестување во црква. Правиме се што е католичко, но навистина немаме нешто традиционално, освен што одиме на скара во паркот во недела после црквата.“ Нејзините родени родители се развеле кога таа била пет години, и таа била израсната како единствено дете од нејзината мајка. Во 2006 година мајка и се премажила за Брајан Тифи. Таа е името го добила по пејачката Селена. Во интервју во 2009 година за People магазинот, изјавила дека нејзиниот интерес за актерство се развил како резултат на тоа што ја гледала нејзината мајка како се подготвува и глуми во театерски претстави. Таа се здобила со висока школска диплома преку домашна обука во мај 2010 година. Гомез почнала да носи прстен за невиност кога била 12 години, и го тргнала во 2010 година. Селена Гомез е истотака сопственик на пет кучиња која ги спасила и се опишува себеси како голем љубител на животни.